Thursday, January 5, 2012

Бугарскиот политичар Петар Тодоров за Македонците

Бугарскиот политичар Петар Тодоров во својот труд «Погромите на Б’лгарија", издаден во Софија во 1930 година, истакнува самобитността на македонскиот народ помеѓу другите словенски народи на Балканот, цитирам: "Луѓето на Балканот етнички се така посебни, што е исклучена секоја опасност за претопување, за било каков губиток на јазикот, на обичаите, на самобитната им култура при едно заедничко живеење. Малите, на гледање, разлики меѓу јазикот и карактерот на тие народи (Бугари, Срби, Славони, Македонци, Хрвати итн) се всушност доста јасни, неизбришливи гранични линии. " (Петар Тодоров. Погромите на Б’лгарија, став 1, Софија, 1930 година, стр 67.)

No comments:

Post a Comment